Home / Култура / Промоција на видео спотот “Еден ден ќе ме бараш ти”, на Сефедин Бајрамов

Промоција на видео спотот “Еден ден ќе ме бараш ти”, на Сефедин Бајрамов

Среда  со  почеток во 20 часот, во Големата сала на Центарот за култура Битола, под покровителство на болницата “Плодност” и генералниот спонзор “ Меркур Трејд”, ќе се одржи  промоција на новата песна на Сефедин Бајрамов и видео спотот  “ Еден ден ќе ме бараш Ти”, од авторите Огнен Неделковски текст, Марјан Нечак музика, Давор Нечак, аранжман, а  во видео продукција на Дарио Јанковиќ-Генералот.

Гости на промоцијата ќе бидат групата Љубојна, Гром, Маргаритра Христовска, Сузана Турунџиева, Билјана Дамјановска Јанчевска.

Промоцијата се одржува во пресрет на големиот јубилеј на Сефедин Бајрамов 40 години од првата снимка за музичката продукција на МРТВ.

-Мојата идеја да снимам видео спот конечно ми се оствари. благодарение на поддршката на генералниот покровител, болницата “Плодност “ и генералниот спонзор “Меркур Трејд “, како и другите помагатели.  Спотот е снимен на повеќе локации во Македонија и Грција. Верувам дека со Дарио Јанковиќ снимивме одличен спот и дека публиката ќе ужива во презентирањето не само на спотот, кој ќе се прикаже на големото филмско платно, туку и во програмата која ќе биде дел од оваа промоција, вели Сефедин Бајрамов пред  промоција.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!