Home / Uncategorized / Промовиран проектот за развој на туризмот меѓу Грција и Македонија

Промовиран проектот за развој на туризмот меѓу Грција и Македонија

          Денеска во Битола, беше промовиран проектот подобрување на атрактивноста и промоција на прекуграничниот регион ( Пелагонија, Лерин, Солун ).

-Целта на  овој проект  кој тежи вкупно 730. 000 евра  е дефинирање на проблемите и недостатоците меѓу двете држави. Немаме заеднички туристички призвод и има недоволна искористеност на постоечките потенцијали кои што ги имаат овие два региони. Конкретно за проектот тоа е промоција и зголемување на атрактивноста на меѓуграничниот регион Битола-Лерин-Солун.

Во рамките на проектот ќе се изработат три  туристички понуди, кои ке ги прмовираме на меѓуародните  туроператори, медиуми и саеми за потоа да изработиме готов туристички производ. Тоа нема сами да го работиме, во буџетото се предвидени пари за екпсерти, а наши партнери се Факултетот за туризам од Охрид  и Универзитетот Аристотелис од Солун, рече Гого Видимце, раководител на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион.

Општите цели на проектот се развивање на конкурентни и одржливи туристички производи, евалуација на новоразвиените туристички производи, нивна промоција во регионот и меѓународно брендирање.

-Овој проект е финансиран со 760 илјади евра, од кои 630 илјади евра се од ЕУ, а останатите се кофинансирани од буџетот на нашата дрзава. До 2020 година преку ИПА компонентата имаме на располагање вкупно 45 милиони евра, а од оваа компонента за прекуграничната сорбатка ќе биде финансирано и отворањето на граничниот премин Маркова нога во Преспа .

Владата посветено работи за што е можно повеќе да се искористат можностите што ни ги нуди ЕУ преку овие програм, рече заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

Инаку  партнери во проектот се Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, Факултетот за туризам од Охрид,  Националниот парк „Пелистер”, Националниот парк „Преспа “ од Република Грција и Факултетот за бизнис и администрација од  Солун, Република Грција.

          Вкупниот буџет на овој проект е 738.929 евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*