Home / Uncategorized / Промовирани нови доктори на науки на Битолскиот Универзитет

Промовирани нови доктори на науки на Битолскиот Универзитет

По повод 25 април, денот на основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски“, денеска  беа промовирани новите доктори на науки кои своите дисертации ги одбранија во рамките на високообразовните институции од овој универзитет.

doktori 3

Во рамките на активностите по повод одбележувањето на денот на основањето на Универзитетот “Св. Климент Охридски“, денес беа промовирани новите доктори на науки при Битолскиот универзитет.

Според ректорот на Универзитетот проф. д-р Златко Жоглев, досегашната бројка на доктори на науки кои произлегле од овој универзитет, покажува дека се работи за кадри кои пред се нудат квалитет, а не хипер продукција на лица со оваа титула.

doktori 2

-Досега со денешните доктори на науки чиј број е 11, оваа бројка останува под 250, во севкупното 35 годишно работење на УКЛО, така што просечната бројка на доктори годишно не е инфлаторна” рече проф. д-р Златко Жоглев, ректор на УКЛО.

doktori 1

Во доктори на науки беа промовирани: Жарко Христоски (Научен институт за тутун – Прилеп), Славица Ристаноска (Педагошки факултет – Битола), Снежана Кузманоска (Економски факултет – Прилеп) Ице Илијевски (Факултет за безбедност – Скопје) Кире Бабаноски (Факултет за безбедност – Скопје), Билјана Димоска (Факултет за туризам и угостителство – Охрид), Хари Локвенец (Технички факултет – Битола), Александра Димитровска (Факултет за безбедност – Скопје), Оливера Петровска (Технички факултет – Битола), Арменд Пушкуле (Факултет за туризам и угостителство – Охрид) и Милена Пејчиновска (Педагошки факултет – Битола).
Со најновата промоција, на Универзитетот до денес, докторирале 237 доктори на науки.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*