Home / Македонија / Пуштен во употреба реконструираниот Центар за логистика

Пуштен во употреба реконструираниот Центар за логистика

По повод Светскиот ден на Црвениот крст 8 мај и Деновите на Црвениот крст на Република Македонија 8-15 мај, во населбата ,, Момин Поток’’ , свечено беше пуштен во употреба реконструираниот Центар за логистика.

Пред голем број граѓани и официјални претставници на Меѓународниот црвен крст, и Црвен крст на Германија, генералниот директор на Црвен крст на Република Македонија Саит Саити го покани градоначалникот на Општина Карпош заедно да ја пресечат ,, црвената лента’’, со што и официјално новиот објект започна да работи.

Во своето обраќање директорот Саити нагласи дека овој објект бил реконстриуиран за рекордни 105 денови, и истиот целосно ќе ги задоволува потребите на оваа институција.

Тој истакна дека Центарот за логистика бил изграден со несебична помош на Меѓународниот црвен крст, Црвен крст на Германија, Шпаркасе банка и со големо залагање на градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимобвски.

-Особено му благодарам на градоначалникот Јакимовски, кој освен со законски утврдените норми, надвор од нив по сопствена воља,  даде голем придонес во изградбата на објектот, како докажан поддржувач и помагач на политиките кои ги спроведува Црвениот крст на Македонија, напомена директорот на Црвен крст СаитСаити.

По официјалното пуштање во употреба на објектот, присутните имаа можност со кратка обиколка да го разгледаат  истиот, и  да се запознаат со неговите инфраструктурни капацитети .

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*