Home / Вести / Рационално и ефикасно користење на водите

Рационално и ефикасно користење на водите

                            

          Денеска во  работна посета на ЈП  “ Стрежево “ беше  заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули.

Во рамките на работната посета тој  оствари средба со директорот на претпријатието, Методија Граматковски.

-На средбата покрај  одличната досегашна соработка ја истакнав потребата од дополнителна поддршка на проекти од доменот на водите, кои ќе бидат од витално значење за благосостојбата на граѓаните на Битола и регионот. Во надлежност на Министерството за животна средина и просторно планирање е законот за водите, а ние како институција која стопанисува со води и има дозвола за зафаќање, користење и акумулирање на вода, имаме заедничка обврска да ги реализираме сите мерки и активности за рационално и ефикасно користење на водите, одржлив развој на водните ресурси, како и заштита на водите и заштита од штетното дејство на водите. Претпријатието останува посветено на својата примарна цел – достапност до доволно количество квалитетна вода, заштита, зачувување и постојано подобрување на расположливите водни ресурси, како и прогресивно намалување на штетните испуштања и елиминирање на емисии на опасни материи и супстанции во водите со кои стопанисуваме.

Од страна на заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули    добив уверување дека ќе бидат вложени максимални напори, за успешна реализација на проекти со цел заштита на животната средина и подобрување на квалитетот на животот на граѓаните , изјави  по средбата директорот на ЈП “ Стрежево“ Методија Граматковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!