Don't Miss
Home / Вести / Ранет ловџија кај Витолиште

Ранет ловџија кај Витолиште

               

              Ловџија кој се наоѓал на лов во близина на селото Витолиште, Мариовско, кај рудникот  е сериозно ранет.

              Оваа информација пред малку ја добивме во нашата редакција од страна на некои ловџии кои учествуваа во ловот.

              Ловџијата е ранет во пределот на рамото.

              Ловџиите кои беа во лов со ранетиот ловџија апелираа(т) за помош. Апелот за помош стигна и до  Горската служба за спасување во  Битола, кои како што дознавамe веќе испратеиле една екипа кон Витолишта.

              Засега не се знае точно  како дошло до ранувањето на ловџијата и за каква рана станува збор.

              Да потсетиме само пред нешто  повеќе од еден месец во битолското село Канино беше убиен еден битолски ловџија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*