Home / Вести / Распишан конкурсот за сместување на студентите во домот “ Кочо Рацин“

Распишан конкурсот за сместување на студентите во домот “ Кочо Рацин“

Денеска е објавен конкурсот з асместување на студентите на битолскиот Унивезритет во студентскиот дом “ Кочо Рацин“

Во изјавата за медиумите директорката на Домот, Соња Карапец рече:

Денеска на 15.07.2019 година е распишан конкурс за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2019/2020 година. Студентите кои се пријавуваат на Конкурсот треба да пополнат електронска пријава поставена на интернет порталот www.konkursi.mon.gov.mk. Студентскиот дом „Кочо Рацин“ заедно со службите ви стојат на располагање преку целиот летен период за доставување на документацијата. Рокот за електронското пријавување на студентите од II година и повисоките години почнува од 25.07.2019 година и трае до 15.08.2019 година. Рокот за електронското пријавување на студентите од I година почнува од 09.09.2019 година и трае до 16.09.2019 година. Студентскиот дом „Кочо Рацин“ располага со капацитет од вкупно 385 легла. Вработените во студентскиот дом максимално се вложуваат во подобрување на условите што се нудат. Студентите можат да се сместуваат во 4 блока од кои еден е целосно реновиран минатата година. Бевме во план да реновираме уште еден блок но добивме известување од Владата на РСМ дека се предвидени средства за реновирање на сите студентски домови во кои сме вклучени и ние. До крајот на оваа година точно ќе знаеме колкава ќе биде инвестицијата од владата за целосно реновирање на студентскиот дом „Кочо Рацин“ во Битола. Повеќе информации за условите, начинот на пријавуање и потребните документи може да се најдат на страната на министерството за образование и наука (hp://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/ves-i-nastani/2817-2019-2039). А она што е новина од оваа година е дека овие информации ќе бидат достапни и на страната на Универзитетот „Св.Климент Охридски – Битола“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!