Home / Uncategorized / Распишана меѓународна потерница за Темелко

Распишана меѓународна потерница за Темелко

Откако вчера Кривичниот совет на Основниот суд во Скопје го прифати барањето на СЈО и му определи 30-дневен притвор на градоначалникот на општина Пустец во Албанија, Едмонд Темелко, од судот информираат дека по него е распишана централна и меѓународна потерница.

Обвинителката Ленче Ристоска, пак, денеска појасни дека побарале притвор за Темелко бидејќи имале сознанија дека ја преминувал границата и ја напуштал државата.

И покрај судската одлука да не ја напушта Македонија, Едмонд Темелко, наводно, во изминатиот период неколкупати ја минал границата користејќи албански исправи за идентификација. Инаку Темелко е градоначачник на општината Пустец, во Албанија, па претпоставката е дека одел во Пустец, за да ја извршува својата функција.

Темелко е обвинет во случајот Титаник за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*