Home / Uncategorized / Реакција на Чулаковски:Безидејноста ја бранат со лаги и измислици

Реакција на Чулаковски:Безидејноста ја бранат со лаги и измислици

Во врска со изнесените констатации на верашната прес конференција од страна на советничката на СДСМ, Жаклина Наумовска со реакција се јави советникот Иван Чулаковски.

Во реакцијата се вели:

 -Неможејќи со аргументи и политички да ја докажите својата “способност” да го водите градот, безидејноста и работењето и да се справите со критиките од мене и од мојата колешка Габриела Илиевска, кои секојдневно ги добиваме од граѓаните, почнавте да се служите со фашистички систем, полош дури и од груевизмот за ширење на лажни вести и обид за лично омаловажување и обид и приватно да не понижите пред битолчани. Доколку сум бил осудуван за вакво дело за кое ме клеветите сигурно не би бил член на советот.  Во овие 2 години наместо да сработите нешто вие сте се фатиле да се расправате со нас, како да сме градски непријатели број 1, како да сме терористи!!! “Бомбашки“ напади имало и ќе има како што вели вашиот Бошко Буха и нема да не застаните да се избориме за битолчани. Битола мора да биди поинаква!!!  

    Не знам само како ќе се испулиме во очи од утре во советот и како евентуално ќе работиме за арното на битолчани. Дел од вас, со кои многу добро се познаваме, сеуште имате дома по вентијагите шо ги носевте од протестите, владимирки и флаери за чист воздух. Флаери кои јас ги печатев и кои ги делевме заедно укажувајќи им на битолчани  ДЕКА УМИРАМЕ, дека Двојче не уништи, дека РЕЖИМОТ мора да падни, дека мора да се ослободиме, дека Битола мора да има чист воздух?! Тогаш се боревме за Живот, ви текнува? За живот за сите во Битола. Тогаш се боревме за сега да бидите бетер од криминалците. Јас ви ги полнев балоните со боја и ги координирав протестите со тогашното раководство (да не ги споменувам) од вашата партија а сега наеднаш сум најголем политички непријател, ама и личен непријател бидејќи и приватно сте во обид да ме уништите, бидејќи ви сметам во уживањето во власта.
    Од друга страна, за дел од Вас, пак, ми е жал што сте партиски заробени, што ве викнале овде за сликање и што не можите да гугните ништо против партија оти ве имат во д’жебчето пикнато. Ве држат поради партиските вработувања кои ги имате за вашите најблиски и бенефитите кои лично ги уживате откако дојдовте на власт. Знам дека меѓу Вас има и свесни, и со прекрасни идеи и сваќања, без лични намери кон мене ама партијата мора да се почитува. Е тоа ќе ве уништи колешки…

Парламентарните избори за кои се спремате и поради кои повторно не ќе можите да работите за битолчани, за каде сте избрани, ќе ви бидат лекција за вашата ароганција и злоба. Ми е жал само што ќе го вратите Грујо на власт повторно. 

 Очекувам и медиумите, како сервис на граѓаните, кои редовно ве пренесуваат само вас, дека ќе ја објават и оваа моја реакција во целост во однос по вашиот прес во врска со вашето барање и дека нема во името на слободата на говор и демократијата да ги бришат и понатаму коментарите од граѓаните кои редовно ги добиваат.
        Што би рекла една од вашите колешки, јас жените не ги делам ниту по пол, ниту по род. 
….Ве сака колегата Чулакоски, вели во реакцијата Иван Чулаковски.
П.С.  Се надевам дека и на наредното караоке ќе имам можност да ви пуштам музика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*