Home / Вести / Регистрирани нови 66 инфицирани случаи

Регистрирани нови 66 инфицирани случаи

Министерството за здравство информира дека за пациентка која пред два дена почина во ГОБ „8 септември“ денеска е пристигнат резултат на брис кој покажал присуство на Ковид-19. Пациентката на возраст од 76 години, од Скопје, била хоспитализирана во болницата со симптомите на вирусот.

Согласно конечната потврда за присуство на Ковид-19, овој случај ќе биде евидентиран во денешната статистика на Институтот за јавно здравје.

Денеска се регистрирани 12 оздравени пациенти од Скопје кои се лекуваа во домашни услови, а кои по два контролни теста се негативни на коронавирусот.

Во изминатите 24 часа се потврдени  66 нови случаи на Ковид-19. По градови: Скопје-10, Куманово-27, Штип-3, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-4, Велес-2, Охрид-5, Гостивар-1, Кочани-3 и Неготино-2.

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува  974 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани случаи во:     Скопје – 339     Куманово – 262     Дебар – 49     Штип-31     Прилеп –89     Тетово – 43     Струга – 47     Велес – 36     Битола –9     Охрид –9     Кавадарци – 3     Гостивар –10     Гевглелија – 4     Струмица – 2     Крива Паланка-4     Радовиш – 4     Крушево – 3     Кочани – 25     Пробиштип – 2     Кичево – 1     Неготино -2

Во изминатото деноноќие направени се 500  теста. Преку ИЈЗ –310 , преку Ветеринарен ф-тет – 24, Авицена –24 , Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 118. Досега во земјата се направени вкупно 9762 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за Инфективни болести и фебрилни состојби нема прием на нови пациенти. Хоспитализирани се вкупно 57, од кои 14 на кислородна поддршка и 6 на механичка вентилација.

Во болницата „8 септември“ примени се 6 нови пациенти, а вкупно хопситализирани 34. На респираторна машина се 6 пациенти, а 8 пациенти се со потешка клиничка слика.

Во битолската болница, до утрово се хоспитализрани 5 пациенти, сите се во подобрена состојба и земени се први контролни брисеви кај 3 од пациентите. Денеска пристигнува уште еден пациент од Охрид кој ќе биде лекуван во оваа болница. На домашно лекување се следат 8 пациенти.

Во болницата во Штип се лекуваат вкупно 8 пациенти, сите се стабилни а во домашни услови се следат уште 17 пациенти.

Едно лице кое во вчерашната статистика беше евидентирано во Куманово, по завршување на епидемиолошката анкета е утврдено дека е жител на Крива Паланка и согласно тоа е адаптиран денешниот извештај.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*