Home / Вести / Рехабилитација на ул. “Смилевски конгрес “

Рехабилитација на ул. “Смилевски конгрес “

Денеска почнаа градежните активности околу рехабилитацијата на ул. „Смилевски конгрес“ и ул. „Младински бригади“, во должина од  825 метри.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска ја посети локацијата, каде што од страна на изведувачот беше информирана за динамиката на работа и текот на активностите на оваа делница.

„Улицата „Смилевски конгрес“ е значајна делница во овој дел од градот. Таа беше доста оштетена, а претставува своевиден крвоток за движење на населението по неа, бидејќи во близина се наоѓа училиште, градинка и голема концентрација на население.  Општина Битола за оваа делница издвои 5.717.665 денари“, посочи Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*