Don't Miss
Home / Uncategorized / РЕК “ Битола“ до 2026 год. ќе добие “А“ интегрирана еколошка дозвола

РЕК “ Битола“ до 2026 год. ќе добие “А“ интегрирана еколошка дозвола

Комбинатот РЕК „Битола“ во 2026 година ќе добие „А“ интегрирана еколошка дозвола, со која ќе ги исполни сите критериуми на Европската унија за еколошко производство на електрична енергија.

Ова денеска го изјави новиот генерален директор на РЕК „Битола“, Златко Ќурчиевски, кој денеска и официјално од првиот човек на АД ЕСМ, Васко Ковачевски ја презеде директорската функција во Комбинатот.

Ќурчиевски истакна дека АД ЕСМ на седница на Управниот одбр ја усвоил стратегијата на Комбинатот РЕК „Битола“ за добивање на „А“ интегрирана еколошка дозвола.

Паралелно со активностите за добивање на „А“ интегрирана еколошка дозвла во РЕК Битола, работаат на зголемување на производството на електрична енергија, кое бележи пораст од 16 отсто, но и намалување на загадувањето на воздухот.

– Намалувањето на загадувањето на воздухот во РЕК Битола нема да биде ни лесно ни брзо. Во РЕК Битола доста се работи целиот систем на заштита на животната средина да се модернизира и ако досега границата била 100 милиграми, сега таа е падната на 20 милиграми, што е во рамките на европскиот просек, истакна новиот генерален директор на РЕК Битола, Златко Ќурчеивски.

Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски најави дека во наредниот период Управниот одбор на компанијата ќе излезе со конкретни проекти за вложувањата на АД ЕСМ во електроенергетскиот систем, од кои најголемиот дел ќе бидат за РЕК Битола, потоа за фотолтаичните централи во Осломеј, ветропаркот во Богданци 2, а ќе се работи и на изработка физибилити студија и проектна документација за Чебрен.

Ковачевски денеска најави дека АД ЕСМ доста внимание ќе му посвети на општествената одговорност на Компанијата и дека ќе настојува да го подобри локалниот развој на трите општини од Пелагонискиот регион, каде загадувањето на воздухот е најголемо, Битола, Новаци и Могила.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*