Home / Вести / Реконструктивни зафати во Економското училиште

Реконструктивни зафати во Економското училиште

Сезоната на полагање на матурските испити, средното општинско економско училиште „Јане Сандански“ ќе ја дочека во нови услови. Учениците ќе полагаат матура во комплетно реновирани простории, со ново осветлување.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, на средбата со директорот на училиштето Александар Цветковски, беше запозната со преземените реконструктивни зафати во училиштето.

Изминатиот период во училиштето целосно беше извршена реконструкција на електричното осветлување, по што е поставено ново енергетски ефикасно лед осветлување. Комплетно е саниран паркетот во училиштето, а во одредени училници е поставен нов паркет. 13-те училници ќе добијат и нова внатрешна дограма, со што се затвора ликот на современи училници за изведување на наставниот процес. Инвестицијата на реконструктивните зафати во училиштето изнесува над 1.100.000 денари.

Градоначалничката Петровска посочи дека останува доследна на реализацијата на програмата за работа, во која условите за настава на учениците мора постојано да се подобруваат и надградуваат, преку предвидените реконструкции, санации, редовно и тековно одржување на основните и средните училишта и надоградба со нагледни средства за работа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*