.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Реконструкцијата на Градскиот пазар во полн ек

Реконструкцијата на Градскиот пазар во полн ек

Реконструкцијата и адаптацијата  на делови од Регионалниот зелен пазар во Битола е во полн ек.

Реконструкцијата се одвива во фази. Имено, првата фаза  опфаќа изградба на плато и канализација, а во втората фаза ќе се изградат шест павилјони, покривање на просторот  и електрика.

Реконстуркцијата тече според предвидената работна динамика и работите на терен се одвиваат интензивно.

Платото и канализацијата се веќе завршени и интензивно се работи на изведба на челичната конструкција за шесте нови павилјони. Истовремено се работи на поставување бетонски плочи на платото под павилјоните во вкупна површина од 770 м2 и поставување  бехатон плочки во вкупна површина од  280 м2 околу платото.

Проектот за реконструкција на Градскиот зелен пазар заеднички го реализираат  Центарот за развој на Пелагониски плански регион во партнерство во Јавното претпријатие  “Пазари“.

Во проектот за модернизирање на битолскиот пазар, ќе бидат инвестирани над шест  милиони денари.

Станува збор за проект од регионален карактер, бидејќи пазарот го користат не само битолчани, туку и жителите од повеќе општини од Пелагонискиот регион како: Новаци, Могила, Демир Хисар, и тоа по две основи и како продавачи, но, и како купувачи.

Во Централниот градски пазар во Битола ќе бидат поставени  нови 84 тезги за продажба  на  зеленчук, овошје,  а дел  за продажба на текстилни производи.

-Како јавно претпријатие “Пазари“ цените што ќе им ги наплаќаме на закупувачите на новите тезги остануваат исти, бидејќи имаше некои прашања дали ќе има зголемување на цените. Пазарот ќе има нов современ лик на обострано задоволство на самите продавачи и купувачите, како и за граѓаните на пелагониските општини. Во иднина ЈП “Пазари“ планира нови инвестиции за пазарот во Општина Битола да биде најдобриот не само во државата, туку и пошироко – изјави неодамна директорот на ЈП “Пазари“, Сашо Стаматов.

За реконструкцијата на Градскиот зелен пазар во Битола   поддршка дадоа сите девет  опш-тини од Пелагонискиот регион, бидејќи кон битолскиот пазар гравитираат  жителите од општините Битола, Новаци, Могила и Демир Хисар.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*