Home / Вести / Ревија на песни,игри и музика на пензионерите од Пелагонискиот регион

Ревија на песни,игри и музика на пензионерите од Пелагонискиот регион

           

Во организација на Сојузот  на пензионерите од Македонија во Центарот за култура во Битола се одржа 20. Регионална ревија на песни, музика и игри.

Домаќин на Ревијата  беше Здружението на пензионери од Битола, предводено од претседателката на Извршниот одбор, Даница Петличкова, која ги поздрави сите присутни гости и публиката  во големата сала на Центарот за култура, посакувајки  им на сите учесници по успешното  справување со пандемиата од Ковид 19     добро здравје и убаво да се чувствуваат  во градот на конзулите и што поуспешно да ги презентираат своите изведби.

 На ревијата настапија неколку пеачки групи од Битола, Демир Хисар, Крушево и Прилеп.

Сите  тие  презентираа квалитетни изведби , како во пеачката традиција така и во соло изведбите.

На крајот на  на ревијата на сите учесници  им беа доделени благодарници, а најдобрите ќе земат учество на Републичките средби.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*