Home / Спорт / РК Пелистер останува под државна капа!?

РК Пелистер останува под државна капа!?

Ракометниот клуб Пелистер, кој не успеа да се трансформира останува под државна капа и во наредниот период негов сопственик ќе биде општината Битола!?
Иако оваа информација сеуше нема официјална потврда, сепак од добро информирани извори на порталот на Битолски весник, деновиве во Централниот регистер се врши пререгистрација во која како сопственик на Пелистер се јавува Општината Битола.
Со таквата пререгистрација конечно ќе се симнат од дневен ред сите стравувања дека може да се случи најтрофејниот клуб на Битола, РК Пелистер да биде избришан од Лигата доколку не успее до 20 септември да се (пре)регистира.
Инаку, да потсетиме,  пред извесно време генералниот спонзор на клубот Силјан Мицевски, кој требаше да биде негов сопственик, откако не успеа да го пререгистрира клубот, го откажа комплетното финансирање на Пелистер, а Управата предводена од сега веќе екс- претседателот Сашко Павловски во комплетен состав поднесе оставака и му ги врати клучевите од клубот на градоначалникот на Битола,  Владимир Талески.
Подоцна Силјан Мицевски најави дека се повлекува од клубот и дека сам не може да го финансира РК Пелистер, па тој одлучи да ја финансира ракометната школа на Зарков и Марковски, преку фирмата “Еурофарм”, која во оваа сезона ќе се натпреварува во Првата ракометна лига.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*