.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Култура / Романтична вечер со гитарата на Лука Лучини

Романтична вечер со гитарата на Лука Лучини

Со голем креативен занес во романтично расположение и силен излив на возбудливи емотивни бранувања гостите од Италија Лука Лучини –гитара и Матео Фалони на пијано на Интерфестовската сцена страсно ги распламтуваа творечките енергенси и со прекрасната презентација на фолклороидните парти тури од Гранадос ,Фалони и Албениц и ја полнеа душата на восхитената публика со таа мелоритмичка убавина на лирскиот сензибилитет.
Суптилните инструменталисти музицираа со силна креативна вдахновеност изведувајќи ги делата каде е постигната мајсторска синтеза на шпанско-латино-американската мелоритмика со романтичен израз од чии партитури зрачеше рафиниран звук со префинет креативен дух.

Во нивното импресивно музицирање можеше да се најде тоа што може да се посака-прецизност од стилсло-естетски аспект, вдахновена интерпретација ,префинета певлива мелодика со маркантна експресивност и прекрасен колоритен рафинман се одгласуваа со силен набој на емоциите што ги изразуваат најсуптилните нијанси во креативната сфера.
Атрактивните дела во имресивна презентација се одгласија со восхитувачка релаксативна нота која го допираше и забавниот жанр и претставуваа еликсир за романтичните души кој со восхит ги следеа распеаните и разиграни ставови од 6-те шпански танци оп.37 од Гранадос кои се одгласија во најобаво светло и не се знаеше кој од кој е поубав. А во Суитата И латини на Фалони нај ефектно се одгласи третиот став-Данкон-ведра и полетна игра со страствена мелоритмика во најубавата традиција на латино-американскиот фолкклор претставуваше успешна кулминација и блескава креација на овој виртуозен перформанс на гитарата и пијаното.

Се чини оваа музика како да имаше терапевска моќ. Секој тон од гитарата се одгласуваше со својата убавина и со адекватна дозирана волумениозсност создавајќи со пијаното прекрасен амбиент на опуштеност што ја гали и полни душата со возвошено романтично естетско блаженство од атрактивниот репертоар каде повремено актерите ги менуваат улогите-чин кога придружното пијано солираше, а гитарата придружуваше.

Од таа извонредна сплотеност на двајцата актери со идеална усогласеност на афинитетите претставуваше прекрасна романтична вечер.

Костадин Костадиновски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*