Home / Вести / Рударите стожер на електро енергетскиот систем

Рударите стожер на електро енергетскиот систем

РЕК “Битола” зависел и секогаш ќе зависи од рударите, од нивниот ангажман и нивните резултати. За да имаме што подобри производствтени перформанси, рударите мора да бидат најпрвин безбедни во својата работна околина, а потоа и среќни и задоволни од третманот во компанијата. Затоа, фокусот на раководството на РЕК “Битола” секогаш е насочен кон рударите,бидејќи секој ископан грст јаглен за термоелектраните значи подолг живот, а тоа значи живот за илјадници семејства во Битола и околината и во крајна инстанца живот за цела држава, изјави за Битолски весник првиот човек на РЕК “ Битола “ Златко Ќурчиевски.Одговарајќи на парашањето во какви услови работаат рударите на РЕК“ Битола”, Курчиевски одговори.-РЕК “ Битола “ постојано води сметка за подобрување на условите за работата на рударите. Во рамките на обврските на Комбинтот, согласно Законот за безбедност и здравје при работа, непрекинато се преземаат мерки за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука, обезбедување соодветна организација и потребни средства за реализација на истите. За обезбедување на здравствени прегледи на вработените, ангажирана е здравствена овластена установа во која се врши дејност -медицина на трудот. За вршење на редовни здравствени прегледи на вработените, секоја година сеобезбедуваат околу 3.500.000,00 денари. Постојано се следи здравствената состојба на вработените, се постапува по препораките и забелешките на специјалистот по медицина на труд. Секој вработен добива во континуитет обука за безбедност и здравје при работа. За извршување на редовни обуки на вработените оваа година се планирани средства во износ од 1.000.000,00 денари, а за наредната година се планира отварање на сопствен центар за обука за БЗР во склоп на подружницата РЕК “Битола”. Потребните средства за обезбедување на опрема за лична и колективна заштита на вработените кои редовно се издвојуваат секоја година, изнесуваат околу 30.000.000,00 денари, со тоа што при планирање , избор и набавка на истите се следат и применуваат последните европски стандарди. Редовно се вршат контролни прегледи и испитувања на хемиските, физичките и биолошки штетности во работната средина, како и контролни прегледи и испитувања на опремата за работа. Во склоп на целата оваа грижа за БЗР, морам да ги споменам и претставниците на вработените и Синдикалната организација, кои во Подружницата се ангажирани максимално во однос на прашања за БЗР. Сето ова е со цел намалување на повредите при работа, зголемување на работната дисциплина на вработените во претпријатието, поголема мотивација за работа, а со тоа и подобри резултати во процесот на производство на електрична енергија.За тоа дали е тешко да си рудар денеска во РЕК “ Битола”, Ќурчиевски одговори. – Секако дека не е лесно. И по повеќе од две децении колку што работам во РЕК “Битола”, ценам дека јавноста нема јасна претстава што значи да се биде рудар во РЕК “Битола”. Фокусот е обично на економски и финансиски аспекти од работата на рудниците, а коповите кријат многу работнички и човечки судбини, секојдневни предизвици со кои рударите се соочуваат и успешно ги надминуваат. Тоа е исклучително одговорна работа, во услови кои не секој човек може да ги поднесе. Затоа менаџментот на Комбинатот прави се, нашите рудари што побезбедно и полесно да ги извршуваат работните задачи. Кога ја имате неопходната заштитна опрема, потребните ресурси за работа, квалитетно менаџираниот производствен процес, спроти вас останува само природата. Битката со неа никогаш не е лесна, но се трудиме секогаш да биде поднослива. РЕК “Битола” е еден исклучително сложен систем во кој на секојдневна основа функционираат илјадници работници,од многу различни профили и професии. Секој го носи својот товар и својата одговорност во работата за да може Комбинатот како целина да функционира. Дали и колку киловати, мегавати, гигавати струја диспечерот ќе испрати во електроенергетската мрежа зависи од стотици операции што претходно треба да ги извршат исто толку вработени во РЕК “Битола”. Нема работно место кое не носи голема одговорност и кое не придонесува во крајниот биланс на Комбинатот, а на секое работно место не смееме да заборавиме дека се наоѓа човек, оптоварен со работните, но и со останатите обврски, истакна Ќурчиевски за “Битолски весник”. Инаку централната прослава за Денот на рударите ќе биде утре на 29 август, кога ќе бидат доделени признанија и награди на истакнати работници помеѓу двата празници, како и пригодни подароци за пензионери на РЕК “ Битола “ со 40 и повеќе години стаж во работата. Во рамките на општествено одговорната компонента вчера во РЕК “ Битола “ Синдикатот на РЕК “Битола” и Здружението на дијабетичари на Општина Битола го промовираа едукативниот центар за дијабетичари. Во рамките на активностите со почетокот на новата учебна година, на 2 септември РЕК “ Битола “ќе посети неколку училишта во околината на РЕК “Битола” и со скормни подароци ќе им посака успех во учењето на првоодделенците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!