Home / Вести / Русија ја призна Северна Македонија

Русија ја призна Северна Македонија

Русија ја призна денеска нашата држава под новото уставно име – Република Северна Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи на Руската Федерација.

Во соопштението од руското МНР се нагласува дека на 18 февруари во руската Амбасада во Скопје е добиена нота од нашето МНР со кое се известува дека официјалното име на државата е променето во Република Северна Македонија.

-Руската Федерација ја призна таа држава под новото име – Република Северна Македонија, се нагласува во соопштението од руското МНР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!