Пентагон планира да повлече половина од 14.000 американски војници што служат во Авганистан, објавија американски официјални претставници кои засега остануваат анонимни.
Агенцијата АП пишува дека ова претставува остар пресврт на политиката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, чија цел е да ги принуди талибанците на мировни разговори по повеќе од 17 години конфликт.
САД пред само неколку дена ги повлекоа и своите војници од Сирија. Белата куќа прогласи победа над Исламската држава.
По одлуката на Трамп за повлекување на војниците, стигнаа низа коментари и критики од светските лидери. Некои од нив велат дека Исламската држава сè уште не е уништена. Други, пак, велат дека повлекувањето на САД од Сирија би можело да предизика војна.