Home / Uncategorized / Саем за вработување во Битола

Саем за вработување во Битола

Агенцијата за вработување на Реппублика Македонија  денеска во Битола го одржа вториот Саем за вработување на кој со свои штандови се претставија 40-на фирми и организации од Пелагонискиот регион.

Според директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, саемските манифестации се одлична можност за презентација на биографиите на лицата што бараат работа, како и за презентација на фирмите што нудат нови работни места.

Според информациите од локалниот Центар за вработување-Битола, во овој град евидентирани се 5.550 невработени лица, а најголем дел се со ниско образование.

– Во моментов на пазарот на трудот се бараат кадри со средна стручна подготовка, односно возачи, монтери, хигиеничари, продавачи, а се бараат и лица со познавања од информатички технологии, странски јазици и други струки, посочи Јешим Сејфуловска, раководител на Центар за вработување-Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!