Home / Политика / СДСМ:Легитимно е учениците да бараат подобро и поквалитетно образование

СДСМ:Легитимно е учениците да бараат подобро и поквалитетно образование

-Го осудуваме непрофесионалното однесување на раководството од средното медицинско училиште во Битола кон учениците, видливо од објавената снимка на социјалните мрежи. Овој непедагошки чин ги деградира учениците како автономни личности и ги промовира заканите како нормален начин на комуникација, што е недозволиво- реагираше денеска на прес од партискиот штаб, Јулијана Силјановска, пратеник од СДСМ.
Според неа легитимно е учениците да бараат подобро и поквалитетно образование.
-Средношколците имаат право да го искажат својот став за лошите реформи и хаосот во образованието. Во тоа беа поддржани и од нивните родители и од професори.  Но, наместо да ги штитат интересите на учениците и да го бранат правото на подобро образование, дел од директорите и професорите во училиштата решија да ја бранат актуелната власт.

СДСМ бара веднаш да престанат заканите и притисоците врз средношколците во Битола.
Апелираме, директорите на училиштата, и професорите, да ги почитуваат ставовите и барањата на средношколците и да создадат клима за суштински разговари со нив- рече пратеничката од СДСМ, Јулијана  Силјановска.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*