Home / Политика / СДСМ подготвува шест илјади тимови

СДСМ подготвува шест илјади тимови

По објавувањето на информацијата за “тајната“ посета  на потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска и портпаролот Петре Шилегов на Битола,  во редакцијата на порталот на “Битолски весник“  стигна реакција од СДСМ.

-Не се работеше за никаква тајна посета, туку тоа беше работилница со тимовите коишто наскоро ќе треба да тргнат на средби со граѓаните. Во партијата се прават обуки со членството, за средбите кои ќе започнат наскоро- стоеше во реакцијата на СДСМ.

Инаку, неофицијално во СДСМ наводно се пријавиле 6 илјади тимови кои на 20 ноември ќе тргнат  на средби со граѓаните.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*