Don't Miss
Home / Uncategorized / СДСМ вечер бира технички премиер

СДСМ вечер бира технички премиер

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, на вечерашната седница на партискиот Централен комитет треба да го предложи кандидатот за технички премиер во владата за спроведување на парламентарните избори договорени за април, откако предлогот претходно треба да помине и на Извршниот комитет.

Како што велат од владејачката партија, изборот на технички премиер се наоѓа на дневен ред на седницата, покрај изборот на нов партиски секретар за меѓународна соработка на местото на Дане Талески, кој заминува на амбасадорска служба во НАТО.

Инаку неодамна Заев пред најтесното партиско раководство соопштил дека донел одлука на чело на пржинската влада да застане министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, меѓутоа потврдата на оваа одлука беше одложена поради “тактички причини”.

Како втор најсериозен претендент за оваа функција се сметаше уште еден член на владата кој треба да и ја отстапи функцијата на опозицијата-министерката за труд и социјала Мила Царовска, која повеќе ја фаворизира скопското крило.

Во меѓувреме, се појавија и неофицијални информации дека во одредени комбинации се споменувале и советникот на премиерот, екс шефот на тајната полиција Зоран Верушевски, како и министерот за дијаспора Едмонд Адеми, меѓутоа за нив двајца нема официјална потврда.

Инаку, на вечерашната агенда на партиските органи на социјалдемократите ќе биде и пресекот на реализираните активности во 6-месечниот мандат на генералниот секретар Љупчо Николовски и акциониот план на Централниот изборен штаб.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*