Home / Uncategorized / Се чека одлуката на Филипче

Се чека одлуката на Филипче

Битолски весник сосема подготвен ја очекува одлуката на министерот за здравство Венко Филипче за симнување на одлуката за забрана на одржување на масовни јавни собири.

Според информации на Битолски весник најверојатно петок ке биде симната забраната за одржување на јавни собири.

Доколку тоа се случи Битолски весник Манифестацијата ќе ја одржи в сабота на 14 март во ресторанот Вавилон.

Инаку и покрај забраната за одржување на Манифестацијата никој засега не најавил откажување од учество на истата.

Напротив интересот за Манифестацијата и натаму е голем па во текот на вчерашниот и денешниот ден добивме барања на влезници.

Но за жал влезниците се одамна (расп)продадени и практично нема.

Битолски весник е целосно подготвен за одржување на спектакуларниот избор а подготвена е и ТВ “ Тера “ која според договорот ќе врши директен пренос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*