Don't Miss
Home / Вести / Се чека внукот на Талат Џафери да ја закаже седницата на Парламентот

Се чека внукот на Талат Џафери да ја закаже седницата на Парламентот

Засега сеуштене се знае кога и дали екс спикерот на Собранието Талат Џафери ќе ја закаже седницата на Парламентот.

Претседавачот во Собранието Талат Џафери за ТВ21 истакна дека засега нема план кога ќе свика продолжување на седницата.

„Врз основа на моите надлежности, кога ќе одлучам тогаш ќе ја свикам. Јас засега немам никакви планови“, посочи Џафери.

Иако Џафери претходно ја закажа седницата на Парламентот сепак тој подоцна истата ја одложи со обрзложение дека му се родил внук.

Дали Џафери сеуште се радува на раѓањето на внукот или е презафатен со него не знае никој.

Според тоа во право се оние кои тврдат дека седницата на Парламентот кога ќе се одржи наместо Џафери ќе одлучи неговиот внук.

Останува само нејасно дали со таквиот чин ќе се сложат коалиционите партнери на Џафери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*