Don't Miss
Home / Uncategorized / Се одржа новогодишен хуманитарен базар

Се одржа новогодишен хуманитарен базар

                  

Во организација на здружението “ Златно перо “ во саботата во Битола, поточно во хотелот  “Епинал”се одржа „Новогодишен хуманитарен базар”.

На новогодишниот базар голем број приватници, меѓу кои пицеријата “ Шведскиот “, вила “ Диово “,” Ракотворби”,  “ СН Брокер”, синдикатот на РЕК “ Битола “  донираа подароци за најмладите.

Новогодишниот базар се одржа под мотото  сите дечиња имаат право за Нова Година да бидат среќни и да добијат подарок од Дедо Мраз.

Средствата од базарот ќе бидат наменети за социјално загрозените семејства, преку купување на пакети со храна.

Освен штандовите кои беа посетени од многумина, имаше и музичката програма, а во рамките на  базарот се одржа и тркалезна маса на тема ,,Сиромаштија, фрлањето на храна и Банкарството за храна”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*