Don't Miss
Home / Градска хроника / Се поставуваат столчиња на трибините на стадионот на ФК Новаци

Се поставуваат столчиња на трибините на стадионот на ФК Новаци

Општина Новаци започна акција за поставување столчиња на трибините на стадионот на ФК Новаци во Новаци.

Станува збор за 300 столчиња кои се обезбедени од Агенција за млади и спорт на Република Македонија.
-Денеска ја започнавме акцијата на поставување на столчиња на постоечките трибини на стадионот на ФК Новаци од Новаци. Агенцијата за млади и посрт на РМ ни донираше околу 300 пластични столчиња кои не се нови но сепак нас како рурална општина многу ќе ни значат бидејќи трибината немаше вакви реквизити. ФК Новаци до минатата сезона се натпреваруваше во втората македоснка фудбалска лига а сега е во третата но ова многу ќе му значи на нивната верна публика која ги следи натпреварите-  рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.
Поставувањето на столчињата е во соработка со КЈП „Комунална хигиена” Новаци.

 

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*