Don't Miss
Home / Uncategorized / Се преиспитува тендерот кој “Ибица“ го доби за ископ на јаглен во РЕК Битола

Се преиспитува тендерот кој “Ибица“ го доби за ископ на јаглен во РЕК Битола

До крајот на неделава ќе се знае дали фирмата Трансмет на осомничениот бизнисмен Сеад Кочан ќе го добие тендерот од ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина тежок 6 милиони евра.

Трансмет ја понуди најниската цена на тендерското наддавање, но одлуката се уште не е донесена бидејќи трае увидот на целокупната документација –  информираат од ЕЛЕМ.

Доколку биде пронајдена било каква неправилност, договорот нема да заврши во рацете на Трансмет. Ако увидот покаже дека се е во законските рамки тогаш ЕЛЕМ нема да има можност да го исклучи Трансмет од договорот иако се сомничи токму за фалсификување документи и злоупотреба на тендерската постапка. Вицепремиерот за економски прашања вчера рече дека претходното раководство можело да издаде негативна референца уште пред да го објави огласот.

„Зошто претходното раководство на ЕЛЕМ кога веќе се разоткрија таквите сознанија распиша тендер во кој  што не издаде негативна референца согласно законот за јавни набавки на оваа компанија“, вели  Кочо Анѓушев – Вицепремиер за економски прашања.

За вицепремиерот, нејасна е и цената која Трансмет ја понудила, бидејќи во минатото копала за 90 до 144 денари за кило/џул, а сега тоа го прави за 44 денари. И ЕЛЕМ и СЈО се на ставот дека Трансмет има право да учествува во системот на јавни набавки се додека нема пресуда против него. Од Бирото за јавни набавки за тв 24 велат дека откако детално ќе ја разгледаат докумантацијата – ќе се изјасната за случајот.  Трите сметки на Транмет кои беа замрзнати по налог на СЈО, беше дозволено да се одблокираат пред два месеци откако фирмата дала невладетелски залог на имот во вредност од 7 милиони евра. Забраната за отуѓување на имот и понатаму важи. Инаку, Трансмет доби тендер од ЕЛЕМ и во време кога по Саед Кочан се трагаше со потерница, а тој повеќе од два месеци беше недостапен за МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*