.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Се развиори новогодишно оро на Магнолијa

Се развиори новогодишно оро на Магнолијa

Битолчани, скромно, но  весело, со многу љубов, емоции и желби  ја испратија старата 2017 и ја дочекаа новата 2018 година.

На плоштадот  Магнолија, каде се собраа доста битолчани се развиори и новогодишно оро, кое го поведе градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, на која ова и бешер прв заеднички дочек на новата година со своите сограѓани.

Aко се суди по  тоа што донесе првиот ден во новата година, кога на  Клиничката болница во Битола се родија дури 9 бебиња, од кои првите две се близнаци, тогаш треба да очекуваме дека новата, 2018 година ќе биде плодна и бериќетна.

Најголемиот број битолчани новата 2018 година ја дочекаа во своите домови, со своите најблиски, покрај богатите трпези, а како и секоја година голем број битолчани новогодишните празници ги поминаа во странство.

Инаку  дочекот на новата 2018 година на плоштадот Магнолија почна со музиката која на присутните им ја пушташе ди џеј, како и настапот на  пејачот Борче Наумовски и групата Боеми.

Свои минути  на новогодишната ноќ имаа и Бојан Стојков, Илина Чоревска, Викторија, Степановска – Јанкуловска, Марјан Ѓоргиевски и Маја Андоновска- Илијевски.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*