Home / Uncategorized / Се реализираше последната обука од проектот„Програма за млади – граѓанско лидерство“ во Општина Новаци

Се реализираше последната обука од проектот„Програма за млади – граѓанско лидерство“ во Општина Новаци

Културно-иновативниот клуб Новаци го реализираше последниот семинар од проектот „Програма за млади – граѓанско лидерство во Општина Новаци”.

Обуката од сферата на комуникација со медиумите,односи со јавноста и важноста на маркетингот насловена како „Лобирање и односи со јавност” ја реализираше доц. д-р. Марјан Танушевски.

Оваа обука имаше за цел да ги поттикне младите да придонесат за развој на организацијата,лобирање и поттикнување за поголема вклученост на младите луѓе во општествениот живот и градење на капацитети за развој на активно граѓанство во општината.

Претходно беа реализирани работилници за лидерство, филм и фотографија, синхронизација на слики со звук, креирање на фото-проекти, уметнички и пејсажни фотографии, графички дизајн, опрема и техники на користење.

 

К.Ч.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*