Home / Вести / Се санираат ударните дупки

Се санираат ударните дупки

  „Нискоградба“  денеска почна со санација на ударните дупки на улиците во  Битола.

-Согласно програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта во следниот период интензивно според списокот што ни го достави Општината со имиња на улици за санација на ударни дупки, активностите ќе течат континуирано“, рече директорот Методи Силјановски, кој притоа додаде дека со цел да бидат поефикасни во санирањето на уличните дупки  „Нискоградба“ почна  нова акција во која на граѓаните им се дава можност телефонски да пријават патишта низ општината каде има дупки, па е потребна интервенција.

„Упатуваме апел до граѓаните да пријават кај нас оштетување на коловозите без оглед дали се ударни дупки или прекопи од санација на водоводна или канализациона мрежа и други интервенции. Оваа акција ќе се евидентира на страницата на ЈП ‘Нискоградба’ и на фејсбук страницата на јавното претпријатие. И јавно повикуваме да пријавуваат со цел поинтензивно и поефективно санирање на коловозите“, рече Силјановски.

Телефони за контакт се следните: стопански довор 047/221 016 и во дирекcija 047/233 -600 и 047/ 233- 199.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!