Home / Uncategorized / Се тресат и други фирми поврзани со Камчев

Се тресат и други фирми поврзани со Камчев

Истражители освен во фирмите на бизнисменот Орце Камчев, влегоа и во повеќе фирми кои се во сопственост на повеќе лица, потврдуваат од СЈО.

Како што претходно објавивме, утрово истражители влегоа во фирмите на бизнисменот Орце Камчев, но информации за приведени лица или евенртуални заплени, за сега нема. Повеќе детали околу претресот се очекуваат во текот на денот.

Судската наредба е за вршење на претрес во седиштето на „Орка холдинг” и други фирми надвор од Скопје.

Акцијата е со асистенција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција на МВР, велат неофицијално од СЈО. За сега е непознати за какви сомневања станува збор.

На 29 август 2016 Камчев дојде на распит во СЈО, но Обвинителството тогаш не кажа во кое својство и за кој случај е повикан.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*