.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Седум топ проекти за просперитет и развој на Општина Новаци

Седум топ проекти за просперитет и развој на Општина Новаци

Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски денеска  ги промовираше седумте топ проекти што со владина и  општинска  поддршка ќе се реализираат во оваа општина. Првиот проект од листата на седумте топ проекти е реконструкцијата на деловниот објект кој се наоѓа во центарот на село Новаци.

-Овој објект беше во очајна состојба оставен да пропаѓа на забот на времето, затоа што не беше во сопственост на општина Новаци. Секој кој доаѓаше во општина Новаци мораше да помине покрај овој објект а така руиниран оставаше многу лоша слика. Затоа побаравме од Владата на Република Македонија ,односно од УЈП во чија сопственост беше објектот истиот да ни биде отстапен за да можеме да го реновираме. Морам да изразам голема благодарност до Владата и до УЈП за брзата постапка и отстапувањето на сопственоста. Набрзо по решавањето на имотно-правните односи пристапивме со градежни работи и по неполна година реконструкцијата е при крај. Првиот спрат се деловни простории каде ќе биде сместен пензионерскиот клуб, ќе има аптека, земјоделска аптека а другите простории кои ќе се издаваат под закуп. Вториот кат ќе им биде отстапен на невладиниот сектор од општина Новаци поточно на Културно уметничкото друштво,Културно иновативниот клуб и Младинскиот центар- соопшти градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

Лазар Котевски градоначалник на Општина Новаци

Лазар Котевски градоначалник на Општина Новаци

Градоначалникот на денешната прес-конференција во општинската зграда се осврна на вториот проект а се однесува на изградбата на спортската сала во Новаци и е прв ваков спортски објект во општината Новаци.

-Изградбата е во завршна фаза и се надеваме дека истата ќе биде ставена во употреба до крајот на учебната година.  Од овој спортски објект ќе имаат благодет околу 300 деца.  Спортската сала во Новаци е дел од владиниот проект за изградба на 145 училишни спортски сали.  Салата ќе има површина од 650 метри квадратни, ќе биде опремена со најмодерна спортска опрема, спортски помагала, соблекувална, тушеви и други помошни простории и ќе биде оспособена за повеќе видови спортови.  Изградбата на салата чини 24 милиони денари а средствата се обезбедени од државниот буџет и заем од Банката за развој при Советот на Европа. Покрај спортската сала во Новаци веќе е изградено повеќенаменско игралиште со средства од Агенција за млади и спорт. Овде се планира изградба на спортско- рекреативен центар и забавен парк со играчки за деца а понатаму и отворен базен кој иако ќе чини многу планираме да го изградиме во периодот 2016/17 година- прецизираше првиот човек на Општина Новаци, градоначалникот Лазар Котевски.

Од денешната прес-конференција

Од денешната прес-конференција

Третиот топ проект опфаќа изградба на фекални канализациони мрежи во 4 населени места во општина Новаци: Рибарци,Бач, Добромири и Гермијан.

-Фекалната канализација во с. Рибарци инесува 1600 метри и истата ќе чини 4. 582. 838,00 денари кои ќе бидат обезбедени од ИПА грантот на Министерството за финансии за рурална инфраструктура додека општина Новаци ќе вложи сопствено учество во износ од 148. 953,00 денари.  Фекалната канализација во с. Добромири има вкупна должина од 2753,5 метри и чини 5. 371. 828,00 денари. Фекалната канализација во с.Гермијан изнесува 3563 метри и чини 6. 060. 974,00 денари. За овие три инфраструктурни проекти општина Новаци обезбеди средства преку аплицирање на јавниот повик објавен од страна на Министерството за финансии од ЕУ ИПА грантот за рурална инфраструктура од 260 000 евра . Фекалната канализација во с. Бач изнесува 2870 метри и нејзината изградба ќе чини 10 милиони денари. Општината планира овој проект да го реализира со задолжување со кредит од Светска Банка- истакна градоначалникот Котевски.

Општина Новаци е рурална општина каде најголем број од локалното население се занимава со земјоделство. Оттаму,  како четврт приоритетен проект е изградбата на современ и модерен систем за наводнување е повеќе од неопходен.

-Реализацијата на овој проект е долгогодишен сон на земјоделците од Пелагонискиот регион кој ќе придонесе за олеснување на нивната работа како и зголемување на земјоделските приноси. Проектот е во почетна фаза и истиот чини околу 4.5 милиони евра.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе интервенира со 80 милиони денари . Најпрво ќе се започне со изградба на јужниот крак од системот за наводнување. Во првата фаза ќе се искористи водата од акумулацијата на РЕК која досега непотребно се испушташе во река Црна, со што ќе се овозможи наводнување на околу 600 хектари обработливо земјиште. Во втората фаза со префрлањето на системот за наводнување на “Стрежево” ќе се опфатат останатите 1400 хектари, што значи дека вкупната површина изнесува  приближно 2000 хектари . Со реализацијата на овој проект ќе се обезбеди сигурен проток на техничка вода за 630 домаќинства (2300 граѓани) кои се занимаваат со земјоделство во општина Новаци.  Со него локалните земјоделци ќе имаат можност да го унапредат земјоделското производство кое е значително ограничено од недостатокот на вода.

Физибилити студијата за економска оправданост врз која се заснова проектот е финансирана од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, а проектот ќе се спроведува преку партнерство меѓу Општина Новаци, РЕК “Битола” (ЕЛЕМ) и Јавното претпријатие “Стрежево” во повеќе фази.
Системот ќе се снабдува со потребната количина на вода преку поврзување со хидросистемот “Стрежево” и акумулацијата “Суводол”- посочи на денешната средба со новинарите, градоначалникот Лазар Котевски.

Петти топ проект што треба да се реализира до крајот на оваа година е комплетно реновирање на партерното уредување на рекреативниот парк Коњарка кај Скочивир.

Вредноста на овој проект изнесува околу 90 илјади евра а средствата ќе бидат обезбедени преку ИПА Проект за прекугранична соработка со општина Алмопиа,Грција.

Седум топ проекти за развој на Општина Новаци

Седум топ проекти за развој на Општина Новаци

-Ова е всушност продолжение на првиот проект . Веќе сме во завршна фаза од преговорите со Делегацијата на ЕУ во Скопје и наскоро очекуваме да го потпишеме договорот и да започнеме со реализација на активностите. Во овој дел од општина Новаци планираме со кредит од Светска банка да го асфалтираме регионалниот пат Р 120 до манастирот Архангел Михаил во Скочивир во должина од 800 метри. Со средства од споменатиот кредит ќе се прави и брана во Строшница. Исто така во завршна фаза е и шестиот од седумте топ проекти изградбата на тениското игралиште со пратечки содржини за фудбал,одбојка,ракомет и детски играчки ) во с. Добромири. Станува збор за модерен, осветлен спортски комплекс по сите европски стандарди со трибини кој чини околу 3,5 милиони денари а средствата се обезбедени од Буџетот на Општина Новаци. Општина Новаци е една од ретките општини поточно единствена рурална општина која гради ваков објект.

Веднаш до игралиштето според проектот планирано е да биде направено и партерно уредување со детски забавен парк со реквизити. Многу сме задоволни од овој проект и горди сме што општина Новаци ќе има вакво тениско игралиште каде постои голем интерес за развој на овој спорт. Во придобивките на партерното уредување и тениското игралиште ќе уживаат околу 500 жители на село Добромири и околните села. Општина Новаци е дел од меѓуопштинскиот проект на Новаци, Битола и Могила за спроведување на паарно греење од РЕК “Битола”. Физибилити студијата и проектите се веќе изработени, а до крајот на годината се очекува да започнат и градежните работи. Со овој седми проект покрај што ќе се овозможи загревање на домовите, станбените згради и стопанските објекти на овие три општини, топловодот ќе поминува низ многу плодното пелагониско земјиште што ќе овозможи развој на оранжериското производство на раноградинарски култури.

Ова се само дел од проектите кои се во завршна или во почетна фаза а има уште многу други кои не се споменати. Јас како прв човек на општина Новаци и понатаму ќе работам за подобрување на инфраструктурата се со цел да им го подобрам квалитетот на живот на месното население. Како и досега така и понатаму ќе се залагам и ќе работам на раст, развој, и просперитет на општина Новаци.

Општината постојано вложува средства во обнова на црквите и манастирите со кои изобилуваме. Веќе е изградена капелата во с. Гермијан додека денес ќе ставаме камен темелник за капела во с. Новаци. Ова се само дел од активностите и проектите кои тековно се извршуваат- истакна на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Новаци, Лазар Котевски.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*