Home / Uncategorized / Седумте тестирани пациенти негативни

Седумте тестирани пациенти негативни

Министерството за здравство информира дека резултатите на седумте пациенти кои претпладнево се тестираа се негативни на коронавирус.

Денеска се тестираа пациенти од Куманово, Тетово, Кичево, Охрид, две трудници од Дебар и еден пациент од Кочани, чиј брис пристигна преку ЦЈЗ Штип.

Тестот на пациентот од Кочани, е негативен, но заради типичните симптоми на вирусот, истиот се повторува. Министерството за здравство ќе информира за резултатот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!