Home / Uncategorized / Шаклевски: Тој што ја уништи индустријата, не може да ја воскресне

Шаклевски: Тој што ја уништи индустријата, не може да ја воскресне

Кога својата незаинтересираност и игнорирање  на инвеститорите во Жабени ја оправдувате со потребата да се посвети внимание и на локациите во некогашниот стар индустриски дел на Битола , тоа веќе не е ни лицемерно туку безобразно. Како што злосторникот се враќа на местото на злосторството, така СДС без трошка срам се шета во делот на Битола во кој направи пустош, уништи, затвори и отпушти.

Битола беше една од најголемите жртви на криминалната приватизација на СДС после која остана без речиси една фабрика , а скоро 20.000 семејства останаа без леб.

Денес СДС се дрзнува да ни кажува дека ќе обезбеди нови работни места со заживување на нивните мрачни споменици на транзицијата.

Како денес битолчани да му веруваат на некој кој се’ што рекол – одрекол , се што кажал – откажал и за пет месеци не објави ниту една инвестиција во Македонија, или барем преговори за неа.

Во услови кога економските параметри покажуваат пад, назадување, рецесија СДС очекува да му поверуваме дека има капацитет и искрени намери да ги заживее фабриките кои сам ги уништи.

И уште нешто , навредите и контра-нападите не се одговорот кој битолчани го очекуваат во врска со плановите за продажба на РЕК. За битолчани да ви поверуваат, на место да го терате шефот на дипломатија Никола Димитров од немајкаде  да зборува за филтри на оџаци, донесете го Кочо Анѓушев да одговори на прашањата за тендеритена неговата фирма  и плановите за продажба на ЕЛЕМ. Не е доцна , имате уште два дена, истакна на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Благој Шаклевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*