Home / Uncategorized / Шпанија го ратифукуваше Протоколот за НАТО

Шпанија го ратифукуваше Протоколот за НАТО

Со 0 гласови против, шпанскиот Сенат денеска го ратификуваше Протоколот за пристапување на Македонија кон НАТО.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров на денешната прес конференција изрази огромна благодарност на шпанските функционери, но и на сите останати земји членки кои претходно го сторија истото.

„Би сакал во името на владата и на сите македонски граѓани да изразам благодарност до Шпанија, министерката за надворешни работи што ова прашање беше ставено на дневен ред. Шпанија е 29-та последна земја членка на НАТО што го ратификуваше нашиот пристапен Протокол. Завршуваме еден тридецениски процес да бидеме дел од северноатланското семејство. Сакам да се заблагодарам на сите други земји членки. Нашето членство во НАТО има уште поголемо значење во време кога човештвото се справува со опасен вирус. Да им честитам и на македонските граѓани, а ова дојде како резултат на истрајност и посветеност. Членството во НАТО е потврда дека земјата е на вистински пат“, порача Димитров.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*