.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Штедливите светилки носат големи заштеди

Штедливите светилки носат големи заштеди

После поставувањето на ЛЕД светлики по главните сообраќајници во градот се изврши и замена на старото улично осветлување со нови ЛЕД штедливи сјалици и во населбата Карпош.Од досега поставените ЛЕД светилки има заштеда од 31 илјада евра, а до крајот на месец мај заштедата би била до 64 илјади евра рече градоначалничката Петровска.

-Со вакво осветлување веќе извршивме замена во населбата Стрелиште, а во моментов имаме работни активности кај зградите во Ремо. Покрај тоа што веќе решивме дел од булеварските решенија, веќе покажуваме дека шириме со краците онаму каде што имаме поголема фреквенција на население, што значи дека со една таква динамика ќе продолжиме во наредниот период, за да влезиме буквално во секое уличе со штедливо осветлување. Она што сакам да го кажам во оваа прилика е дека од досега поставеното осветлување, имаме заштеда од 31.000 евра, со она што го планираме заклучно со месец мај, вкупната заштеда само на тие работни активности ќе биде до 64.000 евра. Ова покажува дека она што го затекнавме на почетокот со санирање на состојбите со осветлувањето и овозможување на штедливост е нешто што го реализираме и дека во следниот период, заклучно со динамиката со која се движиме, Битола навистина ќе добие подобро и поштедливо осветлување. Сумата што само досега ја кажав можеме да замислиме за што друго може да биде употребена, дали за објект кој што е во надлежност на Општина Битола и санирање на истиот, дали за решавање на инфраструктурен проблем на некоја улица, што покажува дека заштеди можат да се направат и истите да бидат ставени во функција на граѓаните“, изјави Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска.

Покрај естетскиот дел се добива и во делот на осветленоста и во делот на безбедноста на граѓаните, рече директорот на ЈП Комуналец Богоевски.

„Луксовите што ги зрачат сијалиците во помалите населби, двојно е зголемена осветленоста од 3 на повеќе од 7 лукса, а додека на големите, булеварските сијалици, осветлувањето ако било околу 10 луксови сега е од 50 – 70 лукса. Само во овој период од Нова година наваму, во овие два месеци, заедно со следните три се планираат да се инвестираат околу 200.000 илјади евра и повеќе во уличното осветлување кое пак нас ни носи заштеди, кои ќе можиме многу домаќински да ги искористиме и во останати делови на градот. Во наредниот период ја чекаме испораката на нови 500 парчиња булеварско големо осветлување, а со тоа би го затвориле потегот Партизанска – Иво Лола Рибар (поранешна) – 4 ноември, Прилепска, но и ќе влезиме во центарот на градот, односно поранешна Борис Кидрич – Столарска – Солунска дел, така да ние продолжуваме со инвестицијата, со работата, со грижата за подобро осветлување на улиците, во корист на граѓаните, рече Панде Богоевски, директор на ЈП Комуналец.

Во следниот период, исто така планирано е поставување на стилски амбиентални фенери и во Старата битолска чаршија, каде во моментот има најмалку 15 различни видови, поставувани низ годините

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*