Home / Вести / Сидникатот на АД ЕСМ со донација на прехрамбени производи за вработените во ковид центрите

Сидникатот на АД ЕСМ со донација на прехрамбени производи за вработените во ковид центрите

Синдикатот на АД ЕСМ донираше прехрамбени производи за вработените во ковид центрите во неколку градови во државата.

600 пакети млечни производи беа доставени до медицинскиот персонал во ковид центрите во Битола, Струга, Кичево, Гостивар и во Кавадарци, како помош и поддршка за вработените и нивните семејства во текот на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам, кои голем број медицински лица и технички персонал ги поминаа на работните места во ковид центрите грижејќи се за тешко болните пациенти.

На овој начин АД ЕСМ и Синдикатот изразија благодарност кон чуварите на јавното здравје за  пожртвуваниот ангажман во сите овие месеци на борба со ковид пандемијата. Синдикалната организација на АД ЕСМ својата општествена одговорност во борбата против корона вирусот ја изрази во повеќе наврати во изминатати месеци донирајќи заштитни средства, средства за хигиена и дезинфекција, и прехранбени производи на граѓани во повеќе градови. Исто така, Синдикалната организација неколкупати обезбеди донации за ковид центрите низ државата, согласно локалните потреби, додека за ковид центрите во Битола и во Кичево даде наменска донација за обезбедување систем за довод на кислород во болничките простории. 
И во иднина Синдикалната организација на АД ЕСМ останува партнер на зедницата во која делува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*