Home / Вести / Силјан Мицевски:Бев убеден дека зад проектот стои Владата

Силјан Мицевски:Бев убеден дека зад проектот стои Владата

Бизнисменот Силјан Мицевски, сопственик на компанијата ,,Пелистер”, на денешното сослушување на рочиштето за случајот „Меѓународен сојуз” изјави дека сумата од 720.000 евра што ја дал за проектите за домови за стари лица, не му е вратена.

Тој истакна дека ако заврши вака, ќе се чувствува измамен, додавајќи дека на една од средбите во „Меѓународниот сојуз“ му било речено оти зад проектот со домовите за стари лица стои Владата.

– На еден состанок на „Меѓународниот сојуз“ јас прашав како може да се откупи земјиште без градежно одобрение и тука ми беше кажано дека тоа е проект на владата и ќе оди со европско знаме, изјави сведокот Мицевски, додавајќи дека не се сеќава кој точно му го кажал тоа.

Во својот исказ пред Судот тој уште изјави дека имал голема доверба во Бојан Јовановски.

Обвинети во овој случај се Бојан Јовановски, поранешната пратеничка од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, таткото на прво обвинетиот, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ. Јовановски е обвинет за „измама и перење пари“. Ременски е обвинета за „помагање во делото измама“, а Мандиќ за „помагање во измамата и перењето пари“, Миле Јовановски се товари за „помагање во перењето пари“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје“. Како правно лице обвинета е и невладината организација „Меѓународен сојуз“. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*