Home / Uncategorized / СЈО ги враќа пасошите, бара притвор за осомничените

СЈО ги враќа пасошите, бара притвор за осомничените

Специјалното јавно обвинителство ги подготвува жалбите по решенијата на Кривичниот суд со кои се одбиваат сите барања за притвор за обвинети во предметите на Катица Јанева. За притворите сега ќе одлучува Апелациониот суд кој има рок од два дена по доставување на приговорите од СЈО.
Специјалното обвинителство ќе бара да се преиначат решенијата на кривичниот совет. Наместо притвор, на поголем број од обвинетите им беа одреди мерки за претпализвост, одземање на пасошите и обврска еднаш неделно да се јавуваат во судот.
СЈО ќе ги обжали и решенијата во предметот „Титаник“ во кој бараа притвор за пет лица од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски и Мартин Протуѓер. На судот му беа потребни два дена за да ја донесе и соопшти одлуката со која притворите се одбиваат, а на обвинетите им се определуваат мерки на претпазливост.
За овој период се сменил составот на кривичниот совет кој одлучувал по предметот, пишува „Дојче веле“. Советот составен од три члена првично имал намера да го прифати барањето на СЈО, но одбраната побарала изземање на судијата Драган Тодоровски. Образложение – затоа што против судијата е поведена постапка за разрешување од судиската функција на барање на Советот за утврдување на факти. На местото на Тодоровски бил поставен нов судија. Од судот потврдуваат дека дошло до промена во составот на советот.
„Иземањето било барано уште пред советот воопшто да се состане и пред воопшто да почне со разгледување на предметот како би одлучувал по истиот, а новиот совет со новиот судија е составен во сабота 01.07.2017 година во 23:00 часот од кога за првпат го добива предметот во работа.“ – велат од Основен суд Скопје 1.
Новиот состав на советот со два гласа „за“ донел одлука наместо притвор на обвинетите во „Титаник“ да им се одземе пасошот и да им се определи обврска еднаш месечно да се јавуваат во судот. На прашањето како адвокатите на обвинетите знаеле кои судии членуваат во советот, од судот не упатија одговор да побараме кај одбраната. Вообичаена пракса е додека трае постапката пред Советот за факти судиите да си продолжуваат да постапуваат по предметите кои им се доделени до конечна одлука од Судскиот совет. Од таму се поставува прашањето зошто овој судија е изземен во последен момент.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

error: Content is protected !!