Home / Uncategorized / СЈО го чешла работењето на партиските регионални телевизии на ВМРО ДПМНЕ

СЈО го чешла работењето на партиските регионални телевизии на ВМРО ДПМНЕ

Според информации на порталот на Битолски весник, СЈО го чешла работењето на  партиските регионални телевизии, кои во изминатите години биле вистински пералници за пари.

Овие телевизии за три години остварија приходи од неколку милиони евра, а сега по падот од власт на ВМРО-ДПМНЕ, неизвесно е нивното опстојување.

Имено шест регионални телевизии во 2013 година беа купени во ист ден од тројца бизнисмени. Трите фирми кои ги купуваат телевизиите се основани во ист ден, на 17 мај 2013, а шесте телевизии се купени во ист ден 28 мај 2013.

Според официјални извори на Битолски весник мегу тие телевизии е и регионалната телевизија Мега од Битола, која деновиве му стави клуч на студијата. Оваа телевизија  во 2014, 2015 и 2016 година имала приходи од 1 милион и 71.000 евра.

Интересо е што Мега за само 18 дена  по стартот со емитување прокнижила  442.000 евра. Во 2015 Мега инкасирала 366.000 евра, а лани 263.000 евра.

Сопственикот Горан Митев покрај Мега  ја поседувал и ХДТВ Канал Плус, а таа телевизија за три години покажува приходи од 894.000 евра.

Односно, Митев од  ТВ Мега и  Канал Плус  остварил приходи од 1.9650.000 евра.

Најголем дел од приходите се владини реклами, реклами од локалните власти, но и пари кои се слевале од фирми блиски до претходната власт.

По појавата на ТВ Мега на медиумскиот простор општините во Пелагонискиот регион сесрдно ја финансираа  и ги исполнуваа наредбите што доагаа од седиштето на ВМРО ДПМНЕ, поточно од генералниот секретар Кирил Божиновски.

Додека на ТВ Мега и се доделуваа милионски суми на општински пари, како и пари на јавните претпријатија, на Битолски весник локалната власт на Битола предводена од градоначалникот Владимир Талески и секретарот Слободан Бончановски му беа скратени сите договори, а во 2017 година тие беа дури  целосно укинати.

На почетокот на 2017 година Талески даде наредба не само до службите на општината Битола туку и до сите јавни претпријатија да престанат со помагање на Битолски весник и Радио Б -97 се со цел да згаснат овие два медиуми кои наводно  не беа нивни послушници.

Сега кога згасна ТВ Мега се потврдија информациите кои кружеа во Битола дека оваа телевизија на чие директорско место  беа луѓе блиски до Талески, дека телевизијата беше пералница за пари.

СЈО го испитува финансирањето и на другите локлани и регионални меидуми кои добиваа пари од владиниот колач.

Во ваквиот расплет на работите се поставува прашањето која  е одговорноста на сите битолски моќници кои со општински пари  ја финансираа телевизијата која зрачеше неполни 3 години, а за тоа време се испраа милиони евра.

Токму заради таквиот однос кон медиумите Битолски весник бара да се испитаат  и јавно да се објават сите средства кои во изминатите 12 години, откако Талески беше градоначалник на Битола ги добија сите битолски медиуми.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*