Don't Miss
Home / Uncategorized / СЈО инсистира на притвор за Пешевски

СЈО инсистира на притвор за Пешевски

Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ е шокиран од барањето на СЈО за притвор за човек како него, кој работел за интересите на Република Македонија и благодарение на неговата работа 10 илијади лица добиле вработување во бројните инфраструктурни проекти.
Поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, обвинет во предметот на Специјалното јавно обвинителство „Траекторија“ е шокиран од барањето на СЈО за притвор за човек како него, кој работел за интересите на Република Македонија и благодарение на неговата работа 10 илијади лица добиле вработување во бројните инфраструктурни проекти.
„За мене одземањето на пасошот е поголема казна од осуда. Јас работам како меѓународен експерт и морам да патувам надвор од државата. Доколку ми го одземете пасошот вие како да сте ми ги исекле нозете. Јас сум спремен да се јавувам во судот редовно“, рече Пешевски пред тричлениот кривичен совет на скопска Апелација на денешната јавна седница.
Тој ги негираше наводите на СЈО дека имал повеќе сметки и големи приливи со што се зголемува опасноста од бегство. Од друга страна пак СЈО и понатаму инсистира дека постојат основите за притвор – опасност од бегство и влијание врз сведоци што Пешевски го направил и во текот на истрагата.
„Фазата на обвининие дава поголема извесност од санкција. о однос на заштитата на правдата по однос и на санкцијата ина буџетот, сметавме дека во овој момент може да се затвори само со ваква мерка. Неговите контакти со сведокот се инетнзивни, тоа укажува дека тој влијае врз нив. Основниот стадиум на постапката е главната расправа на која се дава исказот на сведокот, анеговите контакти укажуваат дека постои опасност од влијание и попречување на постапката.“ – изјави Гаврил Бубевски, јавен обвинител во Специјалното јавно обвинителство.
Покрај јавната седница за Пешевски, во Апелација денеска се разгледуваше и жалбата на второобвинетиот во „Траекторија“ Љупчо Георгиевски поранешниот директор на Агенцијата за државни патишта кој остана без пасошот. За СЈО постои опасност од бегство и одлуката на Кривичниот совет е правилна, додека за одбраната Георгиевски покажал дека редовно се јавува во текот на целата постапка и нема намера да бега.
„Во решението на првостепениот суд нема јасни причини, дури и е одлучувано на еден бироткратски начин. Она што е кажано од јавниот обвинител е само пренесено во одлуката и на тие околности укажавме. Очекувам дека ќе има разбирање кривичниот совет на Апелација, зошто станува збор за нарушена здравствена состојба на обвинетиот и тоа е причината поради која тој често патувал и нема основа да се одзема патна исправа или другамерка на претпазливост“ – изјави Стеван Павлески, адвокат.
Се очекува Апелациониот суд да ја соопшти конечната одлука дали ќе ги прифати жалбите на СЈО или на одбраната на обвинетите. Пред одржување на јавната седница пред Апелациониот суд прес-конференција одржа Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ. Според партијата, нема ама баш ниеден правен аргумент за одземање на патните исправи на функционерите на партијата и СЈО врши политички притисок врз судот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*