Home / Спорт / Скаутинг камп “Битола 2015“ од 11 до 14 јуни

Скаутинг камп “Битола 2015“ од 11 до 14 јуни

После минатогодишниот и повеќе од успешен скаутинг камп, задоволството и стекнатото искуство кај учесниците, нивните родители и пред се на гостите како од другите градови од Македонија, Албанија и секако од Италија по втор пат на исто место ќе се одржи единствениот скаутинг камп во нашата земја од кој најдобрите секогаш имаат вистинска шанса да ги покажат нивните квалитети надвор од границите, односно конкретно Италија.
Оваа година, од 11 до 14 јуни, повторно НАЈДОБРИТЕ ДВАЈЦА играчи ќе имаат директна можност за претставување на своите вештини, квалитети и талент во Италија во академија и фудбалска школа за која и не треба посебно да се претставува имајќи го предвид успехот на ФК ЕМПОЛИ оваа година во најдобрата италијанска лига каде најголемиот број на играчи баш се и нивен “производ”.
За разлика од првиот камп, а по препораки пред се на родителите и тренерите, техничката селекција ќе се одвива генерално поделено во две групи и тоа од 10-15 години и поголема од 16-18 години. Исто како и претходно по самостоен избор на тренерот/претставникот на академијата од Италија ќе имаат ексклузивна можност да учествуваат на националата селекција во Италија каде освен од академијата на ФК Емполи ќе бидат скаутирани и оценувани и од многу други екипи како Фиорентина, Сиена, Лацио, Перуџа и други.
Ексклузивна новост и привилегија од оваа година за Спорт Талент во соработка со ИСМ како апликанти за Еразмус Плус програмата, отвора можност најдобрите 2-4 учесника од овој камп да добијат стипендија за школување во Италија каде активно би го продолжиле својот фудбалски пат паралелно со образовниот во склоп на академијата.
Рок за пријавување е 4 јуни, при што цената за учество согласно категориите ќе изнесува 4500 денари до 15 години и 5500 денари за играчите од 15 до 18 години. Можност за организирано сместување на сите учесници надвор од Битола со доплата од вкупно 1500 денари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*