Home / Вести / Сменет секретарот на општината Битола, Слободан Најдовски

Сменет секретарот на општината Битола, Слободан Најдовски

Од извори блиски на порталот на Битолски весник, дознаваме дека е сменет секретарот на општината Битола, Слободан Најдовски.

Засега од општината нема официјална информација зошто е сменет човекот во кој екс градоначалничката Наташа Петровска имаше најголема доверба.

Дали тој е сменет поради тоа што таа поради него ја загуби кандидатурата на СДСМ за градоначалник, или на негово барање.

Дознаваме дека Слобдан Најодвски во иднина ќе работи како раководител за следење на буџетот на Општината.

Инаку Слободан Најодвски се до смената важеше за сива еминенција во Општината Битола, кој ведреше и облачеше, без чиј амин не можеше да помине ништо во Општната ии во Кабинетот на Петровска.

Упатените тврдеа дека (не)формално тој раководеше со локалната самоуправа, а дека Наташа Петровска беше само фигура која ги извршуваше и спроведуваше неговите политики и заложби.

Инаку неофицијално се зборува дека Наташа Петровска е директна жртва на политиките на Слободан Најдовски, бидејки добар дел од членството на СДСМ отворено се спротиставуваше на нејзината толернација на Најдовски и бараа негова смена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*