Don't Miss
Home / Градска хроника / Снегот во Битола не направи проблеми во сообраќајот

Снегот во Битола не направи проблеми во сообраќајот

Снегот што вчера и денес до попладневните часови,  речиси непрекинато паѓаше во Битола, не предизвика речиси никакви проблеми во сообраќајот.
Освен неколку поединечни испади на елетричната мрежа во Нова Битола, градот и околината имаа редовно снабдување со електрична енергија.
Според, првиот човек на ЈКП “Нискоградба“, Кире Крстевски, во текот на вчерашниот и денешниот ден,  се фрлени сто тони сол и 75 метри кубни ризла.
Сите патни правци што ги одржува ова јавно претпријатие се проодни и сообраќајот се одвиваше без никакви проблеми.
-Ние иако до пред неколку дена имавме речиси пролетни температури, подготвени ја  дочекавме зимата и првиот снег и успеавме сите 80 километри патишта кои ги одржуваме навреме да ги исчистеме и снегот да не не изненади- информира  директорот на битолска “Нискоградба“,   Кире Крстевски. 
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*