Home / Вести / Со изградба на “Технолошки парк” Христo Кондовски ќе ги поддржува бизнис идеите на младите битолчани

Со изградба на “Технолошки парк” Христo Кондовски ќе ги поддржува бизнис идеите на младите битолчани

 

-Проблемот со невработеноста не лежи во недостигот на работни места, туку во неоткриените претприемачи меѓу нас!Претприемништвото значи иновативност, проактивност и преземање ризик!Само тоа е лек за невработеноста и економската стагнација!“-изјави денеска на прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалиционите партнери за Општина Битола, Христо Кондовски, најавувајќи  проект за Технолошки парк во Битола.

-Лично сум го минал процесот на градење бизнис од идеја до реализација! Знам дека тоа не е лесен процес, но знам и дека не е невозможен! Младите имаат најголем потенцијал за иновации, но  им треба институционална поддршка.Токму затоа со задоволство најавувам формирање на ТЕХНОЛОШКИ ПАРК! Низ него ќе се канализира финансиска, кадровска и административна поддршка којаќе овозможи младите да ги реализираат своите бизнис идеи.“-рече тој.

Притоа Кондовски појасни дека Технолошкиот парк ќе работи во партнерство на општината, битолскиот универзитет, стопанскиот сектор, централната власт и странски донатори. На студентите и младите, со најсовремен софтвер и хардвер, ќе им послужи како бизнис инкубатор. „Во фокусот ќе бидат технолошките иновации, информатичката индустријата и трансферот на технологии. Целта е акцелерација на старт ап компаниите и поддршка за нивен забрзан развој. Тоа ќе донесе отворање на нови работни места за младите!. Административната зграда на Технолошкиот парк ќе биде сместена во општински објект во центарот на Битола, кој со години не беше во употреба, но со овој проект ќе најде практична примена.

-Овој објект ќе биде адаптиран и реновиран за потребите на паркот. На адаптацијата ќе се работи една година, а паркот ќе влезе во употреба уште во првата година од мојот мандат.Почетната инвестиција во технолошкиот парк ќе изнесува 300 илјади евра. Но, неговата целосна реализација ќе се мери во милиони евра, што ќе произлезе како резултат на соодветна физибилити студија и плодотворноста од истиот, изјави Кондовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*