Home / Uncategorized / Со мирен протест битолчани масовно побараа чист воздух во Битола

Со мирен протест битолчани масовно побараа чист воздух во Битола

Со пароли „Сакаме да дишиме”, „За нас се работи”, Битола на шкрги”, „Воздухот е живот, воздухот е право”, „Вадете ги сега маските” битолчани вечерва масовно излегоа на мирниот протестен марш што го организираше Здружението “За нас се работи“.

cist vozduh

Маршот почна мирно од пред платото пред споменикот на Стив Наумов, а заврши до Народниот театар Битола каде што вечерва се одржуваше свечената академија на која се доделија признанијата на годинашните добитници на четвртоноемвриските награди.

Од Здружението на граѓани „За нас се работи” побараа итно поставување мерна станица во централното градско подрачје, деактивирање и санкционирање на аерозагадувањето и доведување на квалитетот на воздухот во границите на дозволеното.

cist vozduh 3

-Резервен град немаме и затоа сме гневни, затоа што властите секојдневно си поигруваат со животот на битолчани. Се собравме овде на овој ден, не со цел да го омаловажиме, не со цел нешто да уриваме, туку јасно и гласно да им кажеме дека за нас се работи, изјави Иван Јерчиќ од Здружението  “За нас се работи“.

Оттаму  се децидни  дека нема да застанат тука и дека и понатаму ќе продолжат со засилени активности до конечно решавање на проблемот со загадувањето на Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*