Home / Економија / Со серија мерки министерството за земјоделство ќе ја одредува откупната цена на пченицата

Со серија мерки министерството за земјоделство ќе ја одредува откупната цена на пченицата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков заедно со градоначалникот на општина Новаци,  Лазар Котевски и претседателот на Сојузот на земјоделци Вељо Тантаров остварија средба со земјоделците на која се разговараше за откупната цена на пченицата.

Целта на средбата е да се надминат проблемите кои секоја година ги имаат земјоделците со откупот на пченицата односно со нивната ниска цена.

-Проблемите кои секоја година настануваат со откупната цена на пченицата со земјоделците се јавува оттаму што Р. Македонија  членува во ЦЕФТА а во таму членува исто така и Србија која е наш сосед и воедно еден од најголемите производители на пченица. Минатата година имаше  2 мил. тони производство а се очекува и оваа година. Очекуваме цените во Србија да бидат многу ниски па и тоа го очекуваме и кај нас-  рече Михаил Цветков министер за земјоделство, шумарство и водостопанство.

13413604_1318670061494108_2259039331318553132_n

Се предлагаат  серија мерки за заштита на земјоделците.

-Првата мерка е складирање на пченицата со што сакаме да го намалиме притисокот кој ќе се појави на пазарот на пченица, односно да ја намалиме понудата.  Веќе направивме истражување на капацитетите за сместување , имаме слободни места за 80 000 тони по цена од 60 дена по тон пченица за месец. Јас денес ќе им предложам на земјоделците 80 % од оваа цена да им ја субвенционираме преку мерката за складирање. Ова складирање ќе им го субвенционираме 6 месеци , така што откако ќе помине жетвата земјоделците ќе имаат можност да си ја продаваат. Втората мерка која ќе им ја предложаме e поврзано со државните резерви и истите да се купуваат од потекло од нашата држава, односно да  повлечеме 30 000 тони пченица за државни резерви. Третата мерка која ни претстои а ќе има најсеризни шанси да биде применета е доколку откупната цената е пониска од производната  , законот за рурален развој предвидува интервентен откуп односно за државни резерви да се откупи од земјоделците од минимална количина од 10  тони до максимална количина од 50 тони. Со оваа мерка ќе бидат опфатени што е можно поголем број земјоделски стопанства- рече министерот Цветков.

Претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров истакна дека состојбите со посевите пченица и јачмен се одлични, посебно во Пелагонија каде не било вака последниве десетина години.

– Оваа година ќе имаме најбогата жетва во просек околу 5 тона.Но со овие цени кои ги најавува мелничарската индустрија  со тие 5 тона ние најверојатно ќе работиме како гулабите за сламата. Се надевам дека Владата ќе не поддржи и нема да дозволи пченицата повторно да ја земаат за бадијала. Се надеваме дека во следниот период ќе најдеме заедничко решение со мелничарите.Најниска цена која е за нас прифатлица е 13-14 денари и од неа неможе пониско- рече Вељо Тантаров, претседател на Сојуз на земјоделци.

Годинава се очекува рекорден принос на пченица односно од засеаните околу 80 000 хектари очекуваме да имаме принос од 300 000 тони пчениаца што се нема случено во изминатите 10 години.

Ова се должи на мерките на Владата, субвенциите но и климатските проемни и временски прилики кои беа карактеристични годинава.

-Овие мерки кои ги презема Владата заедно со МЗШВ се добредојдени за нашпите земјоделци и со нив ќче се подобри систуацијата за земјоделците за откупната цена на пченицата- рече Лазар Котевски, градоначалник на општина Новаци.

 Министерот Цветков најави дека мерките веќе им се предложени на Владата и истите најверојатно ќе бидат усвоени.

Според претходните години млиновите годишно преработуваат околу 270 000 тони пченица. Се увезуваат 95 % и тоа најчесто од Србија односно годишно просечно околу 80 000 тони пченица а брашно 40 000 тони или вкупно се увезува околу 140 000 тони додека останатото се задоволува со македонско производство.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*