Don't Miss
Home / Uncategorized / Со света божествена литургија и литија се одбележува заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски

Со света божествена литургија и литија се одбележува заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски

Општината Битола заедно  со Преспанско-пелагониската епархија го одбележува  Денот на преподобен Св. Нектариј Битолски- светец,  заштитник на градот  Битола.

Одбележувањето  започна  во црквата “Св. Велико маченик Димитриј”, каде  се одржа света божествена литургија, а веднаш потоа и литија –  носење на моштите на Св. Агатангел Битолски низ улиците во  централното градско подрачје.

Претходно, во Битолскиот Народен театар  традиционално се одржа свечената академија по повод чествувањето на Патронот на градот Битола,  Св. Нектариј Битолски со  пригодна програма.

На академијата,  градоначалникот на општина Битола,  Владимир Талески и митрополитот преспанско- пелагониски и администратор австралиско- новозеландски г. Петар , им го честитаа Денот на заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски на сите граѓани на Општина Битола.

-На овој ден да се вратиме на вистинските морални и духовни вредности, кон човечките вредности, да се обединиме и токму да веруваме, да се надеваме и да сакаме да го направиме она што отсекогаш била вистинската замисла. Секој од нас треба вистински да се запраша дали е ова она што сме го посакувале целиот свој живот? Дали е ова што ни се случува е нашиот идеал, тоа што е нашата вистинска и крајна цел? Во секој случај сите треба да се подобриме, да се поправиме, да се обединиме и враќајќи ги вистинските вредности да го направиме она што е најдобро за сите. Нека ни е за многу години Св. Нектариј Битолски- порача битолскиот градоначалник, Владимир Талески, по повод одбележувањата во чест на заштитникот на Битола, Св. Нектариј Битолски.

За потсетување, одлуката за прогласување на Св. Нектариј Битолски за заштитник на градот е донесена од  Советот на општина Битола во 2008 година и оттогаш, секоја година традиционално со низа програмски активности се одбележува 18. декември, Денот на светецот-заштитник.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*